Од полицијата потврдија дека нема повредени.
Силна експлозија е регистрирана вечерва околу 20.00 часот во Велика Британија. Експлозијата неколку секунди го осветли целото небо и ги исплаши граѓаните кои ја видоа и почувствуваа од своите домови.
Сега е откриена причината за експлозијата.
Голема експлозија била пријавена претходно вечерва во Оксфордшир, Велика Британија. Удар на гром предизвикал огромна експлозија на гас во фабрика за рециклирање, јавува Би-Би-Си.
Биогасот во еден резервоар се запалил околу 19 часот и 20 минути, пишува BBC.
Жителите пријавија недостиг на струја во околните села.
Во Оксфордшир беше воведен жолт метео аларм, што укажува на потенцијално опасно време.
„Го имавме најневеројатното невреме со громови и молњи досега. Гром удри веднаш пред мојата куќа. Беше застрашувачко. Ужасно“, напиша една девојка на социјалната мрежа Х.
Од комбинатот соопштија дека работат на лице место заедно со надлежните служби за обезбедување безбедност.
Полицијата потврди дека нема повредени, а жителите исто така биле повикани да останат дома и да ги затворат прозорците и вратите.