Најмалку 49 рудари се заробени денеска под земја по експлозијата во рудник во провинцијата Бартин во северна Турција, за која постои сомневање дека била предизвикана од трансформатор, објави гувернерот Нуртач Арслан.
Како што прецизираше за турската агенција Анадолија, 44 лица се заробени на длабочина од 300 метри, а пет на длабочина од 350 метри од влезот во рудникот.
Осум лица успеале да излезат од рудникот, додаде Арслан.
Експлозијата била предизвикана од трансформатор во рудникот, кој е во сопственост на турската државна компанија за производство на јаглен, соопшти турската управа за управување со катастрофи.
Експлозијата се случила на 300 метри под влезот на рудникот.
Претходно телевизија А Хабер, која се повикува на локалните власти, на лице место објави дека на длабочина од 300 метри има 115 рудари, пренесува РИА Новости.