Ако вашата роза брзо се суши, проверете дали е нападната од вошки.

Билните вошки не се нималку наивни суштества кои ни ги опседнуваат растенијата и не само што ги опседнуваат туку и ги јадат, се сушат лисјата, цветовите и стеблата и на крајот го уништуваат целото растение. Во овој период, најпогодени се розите што цветаат, од кои понатаму растителните вошки можат да се преселат во други растенија и да го забават нивниот раст и развој.

Ви носиме природен препарат против растителните вошки со сода бикарбона.

Потребни состојки:

– Една лажица сода бикарбона
– Една кесичка прашок за пециво
– Една лажица детергент за садови
– 1,5 литри стоечка вода

Добро соединете ги сите состојки и потоа детално испрскајте ги сите погодени делови зафатени со вошки. Оставете да отстои преку ноќ, а потоа исперете ги розите.

By Author