Иако се трудиме да го воспитуваме детето и да го водиме на вистинскиот пат, некои грешки во воспитувањето можат да имаат сериозни последици.

Од нив се очекува да бидат емотивно силни, бидејќи се момчиња
Дури и најмодерните родители често не забележуваат како умеат да ја прегрнат и утешат својата ќерка која плачела поради скршена играчка, додека во истата ситуација се обидуваат да го искарат својот син, критикувајќи го дека плаче.

Тие претпоставуваат дека нивните синови никогаш нема да бидат во улога на жртва

Родителите треба да ги заштитат своите ќерки, а тоа е важно. Но, забораваме дека момчињата лесно можат да станат жртви. Според истражувањето на веб-страницата MaleSurvivor, едно од шест момчиња доживува некаков несакан интимен контакт до 18-тата година од животот.

Од нив се очекува да го сакаат спортот и да бидат добри спортисти
Спортот е одличен начин за трошење енергија и слободно време, но, како и сè друго, спортот не е за секого. Децата дефинитивно треба да се испробаат во неколку спортови додека се мали, особено во тимските спортови – нè учат на други важни работи, како тимска работа, дух на заедништво, истрајност. Но, вашиот син навистина не мора да биде голем спортист, особено ако тоа не го привлекува.

Не им дозволуваат да имаат стравови
Момчињата имаат право да се плашат, исто како и девојчињата. Во никој случај не треба да им го всадите чувството дека стравот е емоција што не треба да ја чувствуваат.

Наместо да им кажете „Немате од што да се плашите”! замолете ги да ви ги објаснат своите стравови. Кажете им дека стравот е нормална работа и дека храбрите луѓе не се оние кои никогаш не се плашеле од ништо, туку оние кои се плашат, но одлучуваат да не дозволат стравот да ги попречи во ништо.

Тие претпоставуваат дека нивните синови нема да наштетат никому

Сите сакаме да веруваме дека нашите деца се најдобри. Но, мораме да ги научиме нашите синови, како и нашите ќерки на емпатија, да ги почитуваат границите поставени од луѓето околу нив, како и дека нечие „НЕ“ значи навистина „НЕ“.

Непримерно се шегуваат со гениталиите на нивниот син
Ова важи дури и за најраната возраст на детето.

Престануваат да ги гушкаат и да бидат нежни со нив кога ќе пораснат
Човечкиот допир и нежност се основната потреба на сите луѓе на планетата, без разлика колку години имаат, пренесува

By Author