Полната Месечина ќе се појави на небото на 10 септември, а овој месец не мотивира да се подготвиме и да правиме планови за промена на сезоната.

Иако полната месечина е период за преземање акција, овојпат поради интензивната ретроградност, подобро би било да се почека со планови и конкретни потези.

Во секој случај, полната месечина ќе донесе малку драма како и секогаш, особено за следните три хороскопски знаци:

БЛИЗНАЦИТЕ
Ова е многу важен период за вашата кариера и имиџот во јавноста, па можно е да почувствувате притисок каков впечаток оставате на околината.

Ова ќе биде период полн со акции за вас и можеби ќе се чувствувате принудени да направите големи, клучни потези, но ова не е време за такви одлуки. Наместо тоа, смирете се и прологирајте што е можно подолго пред да донесете клучни одлуки, пишува „Bustle“.

ДЕВИЦА
Полната месечина во Риби особено ќе влијае на вашите врски. Може повторно да се поврзете со некои поранешни љубови, додворувачи или пријатели, особено за време на ретроградниот Меркур.

Ова е можност да тестирате колку сте цврсти кога станува збор за развивање здрави врски. Оваа време ве поттикнува да заборавите на гневот или старите расправии кои ве спречија да се помирите и ви сигнализираат да продолжите напред.
Веројатно ќе бидете збунети околу тоа кој е добар за вас, а кој не, но полната месечина ќе ви помогне да го сфатите тоа, дури и ако ве боли да откриете дека некој не е онаков каков што сте мислеле дека е.

РИБИ
Оваа полна месечина ќе ја одбележи вашата посветеност на различни меѓучовечки односи. Ќе доживеете целосно емотивно ослободување, а ќе бидете почувствителни од вообичаено, а бидејќи сте еден од најранливите знаци во Зодијакот, подгответе се за период наполнет со емоции.

Преземете одговорност за тоа како се чувствувате и погрижете се да не ги повторувате негативните обрасци од минатите врски – тоа е рецепт за „катастрофа“.

Овие 3 знаци бескомпромисно ќе ги прекинат врските од 9 септември за време на ретроградниот Меркур.

By Author