Иако се одобрени за итна употреба, вакцините ќе бидат достапни откако ќе се добијат дополнителни административни одобренија
Кинеската компанија „CanSino Biologics“ денеска објави дека нејзината неодамна развиена вакцина против Ковид е одобрена за итна употреба.
Според најавата, станува збор за верзија на вакцината „Кансин“ против аденовирус, а ќе се користи со инхалација, пренесе Ројтерс.
Во петокот, Кина ја одобри и „Фармацевтската група Ливзон“ за вакцина против Ковид.
Вакцините ќе бидат достапни откако ќе се добијат дополнителни административни одобренија.
Во Кина во последните денови е зголемен бројот на заразени со корона вирусот, а дневно се регистрираат околу 2.000 нови случаи.