Русија ќе ги претвори плаќањата за испорака на гас до непријателските земји во рубли, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла да ја доставуваме нашата стока во Европската унија, САД и да примаме плаќања во долари, евра и низа други валути. Затоа решив да спроведам збир на мерки за пренос на плаќања во рубли што е можно поскоро. Да почнеме со плаќање на нашиот природен гас, кој се доставува до таканаречените непријателски земји, во руски рубли. Односно да одбиеме да ги користиме сите компромитирани валути за такви плаќања“, рече тој.
Шефот на Руската Федерација истакна дека испораките ќе продолжат во согласност со обемот и цените предвидени во договорите.
Соодветната директива ќе биде испратена до Гаспром, наведува РИА Новости.