Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на сообраќајот Тетово откри и времено одзеде три патнички возила, поради сомнение дека учествувале во таканаречени “диви” трки на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник. Притоа, одземени се: “бмв” со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Гостивар, “сеат ибица”, со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и “фолксваген голф”, со скопски ознаки, управувано од У.С.(21) од Тетово. Одземена, исто така, е и возачка дозвола од Л.А.(39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило “бмв”. По целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР. 

By Author