Две лица загинаа, а три се повредени откако огромна карпа паднала врз нивните автомобили при лизгање на земјиштето во индискиот Нагаланд.
Несреќата се случила во округот Чумукедима, меѓу Димапур и Кохима, во вторникот околу 17 часот.
Во ужасното видео кое сега стана вирално, може да се види како масивната карпа се тркала и удира во два автомобили, еден по друг.
Двата автомобили веднаш станаа само куп метал.
Несреќата ја снимила камера на контролната табла на возилото кое се наоѓало зад повредените автомобили.
Според пријавата, едно лице починало на лице место, додека другото им подлегнало на повредите во болница.
Местото каде што се случи несреќата се нарекува „пакала пахар“ и е познато по одрони од камења и земја“, изјави министерот Нејфиу Рио изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.
Рио додаде дека неговата влада ги презема сите неопходни чекори за на повредените да им ја обезбеди потребната медицинска помош. Тој најави и финансиска помош за семејствата на настраданите.