Овој знак го прaти глас дека е многу ладен, тврдоглав и нечувствителен. Покрај тоа што им се припишуваат овие квалитети, им се додава и позитивен епитет на искреност. Бикот важи за еден од најискрените хороскопски знаци кои секогаш се трудат да остават впечаток на снаодливи и доверливи луѓе и не сакаат да се најдат во ситуација некој да ги оштети или лиши од нешто.
Многу се грижат да бидат фер кон луѓето околу нив, а кога ќе се најдат во ситуација некој да не ги почитува, многу се лутат. Биковите се многу независни и сакаат сами да носат одлуки, што ги прави добри лидери. Кога станува збор за односите со колегите, Бикот се труди сите околу него да бидат задоволни, и да ги вклучи сите подеднакво во одлучувањето.
Сметаат дека секој е ковач на сопствената среќа и се трудат да остават впечаток на снаодливи и доверливи луѓе. Не сакаат да им кажуваат зад грб, па посебно се грижат за тоа, а доколку дознаат за каква било измама или предавство, брзо се лутат. Покрај тоа, тие важат за луѓе кои многу често се навредуваат ако не се испочитувани како што очекувале.
За нив вистината е правило број еден и максима која ја следат во текот на целиот живот, па веројатно затоа и важат за најискрен знак.
Ако Бикот е дел од вашето семејство, знајте дека секогаш можете да се потпрете на него. Додека кога станува збор за љубовта, овој знак, сака да се бори до крај додека не ги исцрпи сите резерви и атоми на сила. Тие се многу упорни и сакаат да ги одржуваат и негуваат своите партнерства.