Пролетта е време кога сè се буди и цвета, но некои цвеќиња носат особено добра симболика

Ова се денови на мир и среќа, времето кое го поминуваме во мир со семејството. За да остане оваа прекрасна енергија во текот на целата година, овие цвеќиња треба да се најдат во нашиот дом.

Јајцата се неизбежен дел од христијанската празнична традиција со која се слави Исусовото воскресение, односно новиот живот.

Симбол на нов живот, радост, раѓање, убавина и пролет.
Велигден изобилува со обичаи и симболи, а големо внимание се посветува и на самата декорација која овие денови секако треба да ја симболизира плодноста и животот.

Овие цвеќиња одлично се вклопуваат во празнувањето на најголемиот христијански празник, а овие 3 цвеќиња симболизираат нови почетоци.

Лале

Тие претставуваат возвишена љубов – црвеното лале ги означува најчистите емоции, а бордото симболизира почит. Овие пролетни цвеќиња треба да се најдат на вашите трпези, бидејќи дефинитивно ќе ви го разубават домот и ќе донесат убава енергија.

Велигденски бели лилјани

Овие цвеќиња се симбол на воскресението Христово, а симболизираат чистота и милост. Тие се поврзани со плодноста и мајчинството, поради што е многу важно овие денови да ги имате дома.

Момина солза

Симбол на чистота, нежност и скромност. Најчесто ги гледаме во букети невести кои се мажат напролет.

By Author