Како што според Зодијакот има парови кои се особено добра комбинација за љубов, така, велат астролозите, има и такви чија врска е осудена на неуспех.

ОВЕН И ШКОРПИЈА
Овенот и Шкорпијата се управувани од планетата Марс. Ако се сакаат, се сакаат насилно и бескомпромисно, со многу страст. Сепак, иако нивниот владетел е ист, претставниците на овие знаци на Зодијакот се премногу различни за да преживеат на долг рок. Овенот е поспонтан, лесно гори и експлодира, а неговата искреност знае да биде неподнослива во тие моменти. За разлика од него, „отровните“ Шкорпии чекаат прилика да ја „вратат“ услугата, но на подмолен начин, што Овенот не може да го толерира.

БЛИЗНАЦИ И ЈАРЕЦ
На почетокот тие можат да бидат интересни еден за друг. Како што одминува времето, меѓусебното нервирање започнува до тој степен што нивната врска станува неподнослива. Јарецот посветува многу внимание на планирањето, прецизноста и редот, додека Близнаците се спонтани, разиграни, избрзани и често многу неодговорни. Едноставно тие се толку различни што по некое време раскинувањето на врската станува неизбежно.

РАК И ВОДОЛИЈА
Ракот е длабоко емотивен и сака да се чувствува безбедно и заштитено, додека Водолијата е посветена на целиот свет. Ракот себично бара време и внимание од Водолијата, што почнува да ја нервира бидејќи има други приоритети. Во таа ситуација Ракот ќе биде повреден, а Водолијата ќе биде збунета. Ракот ќе се повлече во себе, а Водолијата тоа ќе го сфати како јасен знак дека треба да ја напуштат врската.

ДЕВИЦА И СТРЕЛЕЦ
Стрелецот сака да го прави она што му одговара во тој момент, без да прави јасен план. Тој има тенденција да ги игнорира обврските и да ги подреди на своето уживање. Девицата е сосема спротивно од сето тоа, кај неа сè е јасно испланирано и обврските се пред се. Таа е шокирана од каприците и авантурите на Стрелецот, па ќе се потруди да го заузда, што тој ќе го доживее дека го „гуши“ и ја контролира неговата слобода. Во таа ситуација единствено загарантирано е раскинување, поради непремостливи разлики.

By Author