Украина денеска ја изврши третата размена на заробеници со Русија од почетокот на војната.
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави дека 12 војници се враќаат дома, пренесе Ројтерс.
Верешчук на социјалните мрежи објави дека 14 цивили се враќаат во Украина како дел од договорот.
Таа не објави колку Руси се ослободени.