Обожавате вафли, а воедно се обидувате да „повлечете рачна“ кога станува збор за десерти? Имаме идеја.

Вафлите се едно од оние јадења што се јавуваат во безброј варијации. Но, дали досега сте пробале солена вафла?

Солени вафли

2 јајца, одделени белките од жолчките

75 гр. сирење, 75 гр сланина или шунка по ваш избор

300 гр. брашно + 1/2 прашок за пециво

2. лажици шеќер + 1/2 лажичка сол

100 гр. стопен путер

350 мл. млеко

Подготовка:

1. Изматете ги белките со шеќерот.

2. Се топи путерот.

3. Исецкајте шунка и сирење.

4. Измешајте жолчки, млеко, сол и путер, потоа додадете брашно и прашок за пециво, а потоа и изматените белки. На крај, промешајте ги сирењето и шунката.

Вафлите може да се јадат без ништо или со хумус, намаз од сирење или пак ајвар.

By Admin