Обединетите нации сакаат страните во конфликтот во Украина да избегнуваат чекори кои водат кон негова ескалација, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак на прес-конференција, коментирајќи го нападот со беспилотни летала врз Москва.

– Сакаме сите страни да избегнуваат какви било дејствија што би доведоа до натамошна ескалација на овој конфликт. И ги повикуваме да се погрижат тоа да не се случи – рече Хак одговарајќи на соодветно прашање на Спутник.

Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека во понеделникот во Москва биле регистрирани напади со беспилотни летала врз две нестанбени згради. Во нападот нема сериозни штети или жртви. И руското Министерство за надворешни работи објави дека акциите на Киев немаат воена смисла.

By Author