Побарувачката на горива во земјава изминативе денови беше енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа беа шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток од горива , како и цените на светските берзи.
Тогаш министерот Бектеши не уверуваше дека нема место за паника да не се ствараат гужви затоа што гориво ке има, но не ги извести граѓаните каков ценовен шок ги очекува за два дена .
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати и тоа : кај бензинот за 10,990 %, кај дизелот за 21,147% , кај екстра лесното масло за 18,278% и кај мазутот зголемување за 13,830%. Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 %. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 % .
Поради енормниот раст на берзанските цени на нафтените дериват и јакнењето на курсот на доларот во однос на денарот, а согласно одлуката, од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 10,00 денари/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 9,00 денари/литар.
Дали со 18 000 минимална плата може македонскиов народ да ги издржи сите овие покачувања на цени, од основни производи до горива? Треба да живее, да школува деца, да се лекува, со среќа нека ни е.
Минималната плата во Македонија е за преживување не за живеење.