Уапсениот Вилијам Џенет почина откако неколку минути се бореше за воздух и молеше за помош додека полицијата го притискаше и го држеше. Ова го покажаа новите видеа од затворот во американската држава Тенеси.

Во тужбата поднесена во октомври 2020 година и изменета во февруари годинава во име на семејството, ќерката на Џенет тврди дека нејзиниот татко починал како резултат на употреба на прекумерна сила од седум полицајци и задушување додека бил во притвор во затворот во округот Маршал. Според наводите, полицијата го држела Џенет притиснат за под вкупно четири минути, а полицијата ги бранела нивните постапки во инцидентот, со образложение дека тој бил крајно непослушен.

Државните обвинители ја затворија истрагата за неговата смрт пред неколку месеци, а поротата што го разгледа случајот одлучи да не поднесе кривични пријави против полицајците.

Џенет е уапсен под обвинение за пијанство, непристојно однесување и противење при апсење. Во неговото тело бил откриен метамфетамин, а во затворските записи се наведува дека тој халуцинирал и бил под дејство на дрога.

Официјалните лица во извештајот наведоа дека тој бил агресивен на денот на неговата смрт и дека не сакал да ги почитува наредбите на чуварите кои се обиделе да го смират. Во тужбата на семејството се тврди дека за време на тепачката што следела, полицијата му ставила лисици и го со лицето на земја го притискала, иако тој трипати предупредил дека не може да дише.

Во еден момент, на видеото се гледа како полицаец ги потсетува своите колеги на опасност од задушување поради положбата на затвореникот и ги замолува да го ослободат за да може да дише.

Градоначалникот на Луисбург, смртта на Џенет ја нарекол несреќен случај, изјавувајќи дека тој се однесувал вербално и физички насилно кон затворските чувари. Бингам не сакаше да ја коментира тужбата поднесена од семејството против градот и областа.

Претходно сличен ваков случај имаше минатата година и истиот предизвика бран на протести ширум Соединетите американски држави, по што полицецот беше проглсен за виновен за убиство.

By Admin