Седум лица се убиени во две одвоени, но поврзани престрелки во близина на заливот Халф Мун, Калифорнија, објавија американските медиуми.
Засега не беше јасно како се поврзани двете престрелки, но приказната се разоткри кога едно лице повикало полиција.
Полициските службеници кои се јавиле на повикот на првата локација пронашле тела на четири лица и уште едно рането, а потоа на втора локација во близина пронашле уште три мртви, беше соопштено на прес-конференцијата.
И двата напади се случија на фарми.
Медиумите го објавија и името на напаѓачот. Неговото име е Чунли Жао, а вработен е во транспортна компанија во заливот Халф Мун.
Тој неофицијално прво пукал во фарма, а потоа и на локацијата на неговата компанија во околината на овој град, кој се наоѓа на околу 50 километри од Сан Франциско, пишува CNN.
– Полицијата го лоцираше Зао во неговото возило на паркингот на полициската станица Халф Мун Беј. Тој е приведен без инциденти, а оружјето е пронајдено во неговото возило. Се верува дека дејствувал сам – соопштија од локалниот шериф.
Локалните медиуми објавија и видео од апсењето.
На видеото се гледаат двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со оружје во рака, како му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот. Осомничениот за пукањето излегол надвор, бил соборен на земја и веднаш бил извршен претрес. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи.
Ова пукање се случи само неколку дена по убиството на 11 лица во Калифорнија, во сала за танцување во заливот Монтереј.