Холандската полиција уапси три лица во музејот Маурициус во Хаг, откако ремек-делото на Јоханес Вермер „Девојка со бисерна обетка“ стана најновата цел на активистите за климата.
Делото се наоѓа во колекцијата на Кралската галерија на слики на Маурициус во холандскиот град Хаг од 1902 година.
На видеото објавено на социјалните мрежи, пред сликата се гледаат двајца мажи во маички „Just Stop Oil“, од кои едниот се обидел да ја залепи својата избричена глава за уметничкото дело, додека другиот ја испразнил лименката сос од домати над него.
Музејот во соопштението наведува дека делото кое било зад стакло го прегледале реставратори и дека не било оштетено.
– Уметноста е беспомошна и Маурициус силно ги отфрла обидите да се оштети за која било цел – се вели во соопштението.
„Девојката со бисерна обетка“ е една од најпознатите слики во светот и била предмет на различни книжевни и филмски адаптации.
Сликата е насликана во 1665 година од холандскиот сликар од златното доба Јоханес Вермер.
Делото се наоѓа во колекцијата на Кралската галерија на слики на Маурициус во холандскиот град Хаг од 1902 година.
Ваквите протести на активисти кои се борат за заштита на животната средина стануваат се почести.
Вчера, активистки од истата група испрскаа портокалова боја на салоните за луксузни автомобили на плоштадот Баркли во центарот на Лондон.
Неодамна имаа настап во музејот на Мадам Тисо кога со чоколадна торта ја покрија восочната фигура на кралот Чарлс, а само ден пред тоа во германскиот музеј Барберини фрлија кромпир пире на сликата на Клод Моне „Воденички камења“.