Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа се направени 11.479 тестови за корона вирус, а позитивни биле 12,16 отсто.
Од деветте починати од Ковид, шест починале во последните 24 часа, додека тројца со претходен датум на смрт се пријавени преку електронскиот здравствен систем „Мој термин“.
Во Македонија од корона вирусот починале 8.032 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 233.464, а активни се 10.578 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 348 пациенти, со што вкупниот број на излечени се искачи на 214.854.