Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши промена на малопродажните цени на нафтените деривати во однос на одлуката од 23.1.2023 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,5 ден/лит, додека малопродажната
Цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,0 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,176 ден/кг и сега ќе изнесува 39,459
ден/кг.
Од 31.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 86,0 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,459 (денари/килограм)

By Author