Регулаторната комисија за енергетика ѓи објави максималните цени по кои ќе се точат горивата на бензинските пумпи низ Македонија. Од полноќ горивата поефтинуваат.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе
изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Во новите цени, Регулаторот и натаму пресметува акциза која е намалена за 2 денари по литар и ДДВ од 10% а од полноќ, бензинските пумпи добија зголемена маржа на дизелот за 0,3 денари.

Во меѓувреме продолжуваат ценовните осцилации на суровата нафта.

By Author