Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај мазутот зголемување за 1,311%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00
ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.
Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 95,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 98,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)

By Author