Граѓаните веќе се навикнаа секој 2-3ти ден да има нови цени на горивата. На почетокот од периодов возачите брзаа да наполнат гориво да заштедат некоја пара, се правеа невидени редици од автомобили. Повеќе нема ни редици од автомобили новото поскапување на горивата веќе им е нормална работа.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 % во однос на одлуката од 8.06.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%.
Од 14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)