Бојана Баровиќ признала дека нејзиниот сопруг Никола Роквиќ размислувал за монашкиот живот и додала дека разбира што го привлекувало во тоа.
„Имаше моменти кога Никола размислуваше за монашкиот живот, не во смисла дека ќе не напушти, далеку од тоа, туку затоа што тоа исклучително го привлекуваше. И тоа целосно можам да го разберам. Тоа е богатство кое душата може да го почувствува само на такво место. И кога ќе ја добиеме таа благодат, тој благослов од молитва или пост, тоа е немерливо со било каков земмски живот, за да можам да разберам што го привлече“, рече Бојана.
„Во еден момент тој навистина навлезе длабоко во верата, се опкружи со луѓе кои се во неа. Но, подоцна сфати дека најдоброто нешто што човек може да го направи е да го спроведе тој духовен живот во овој во кој живееме, успеал да најде средина за здрав духовен живот, без да биде монах, што е тешко да се живее – изјави поранешната манекенка.
Никола ја потврди таа приказна и додаде дека тогаш бил „малку тежок“ со семејството.
„Сакав на сите да им пренесам како изгорев во верата, но не можам да го направам тоа. Јас сум човек кој има семејство, има деца и мојата ќелија е моето семејство. Така живеам и се трудам да го најдам тој тесен пат, семеен, а што се однесува до монаштвото, можеби еден ден кога ќе ги одведам децата на вистинскиот пат“, рече пејачoт и додаде:
„Бојана ја виде мојата желба и љубов во мене па ми рече: Никола, ако сакаш да одиш по тој пат, ќе ти дадам благослов“, откри Роквиќ.