Шарон Фонеска ужива со својата девојка без оглед на големата разлика во годините и тие не престануваат да се фалат колку се среќни преку социјалните мрежи. Со скоро 20 милиони луѓе кои го следат нивниот живот.
Контроверзниот италијански милионер, кого го нарекуваат „најатрактивниот дедо на планетата“, со години беше во центарот на вниманието поради ексцентричното однесување, луксузниот начин на живот и убавиците со кои беше во врска, но сепак најголемо внимание привлече со својата љубовна врска со Шерон, поради нивната голема разлика во годините.
Згодниот дедо неодамна призна дека сака да се ожени со 25-годишната Шарон, со која ја доби ќерката Блу.
Во неодамнешното интервју тој рече дека би сакал неговата ќерка да порасне во традиционално семејно опкружување, а Шерон пак дека едвај чека да го прошири семејството, што всушност ги стиши лошите муабети.
Двојката што планира да живее на релација Италија – Мајами, наскоро би можела да работи на потомството бидејќи Шарон сака уште едно дете што е можно поскоро.
“Да, затоа што го живеам својот сон. Уживам во секоја секунда и кога би можела би сакала се да повторувам уште по илјада пати”, призна таа.
Двојката се запозна пред три години на снимање на музичко видео, а милионерот призна дека Шарон го фасцинирала на прв поглед со својот неверојатен сексапил.