Долготрајниот брак со љубов е важен фактор во животот на многу луѓе, но има хороскопски знаци кои имаат поголеми шанси за развод од другите.
Доколку сте родени во еден од овие 5 хороскопски знаци, размислете добро пред да се одлучите за брак бидејќи имате поголеми шанси за развод од другите хороскопски знаци.
БЛИЗНАЦИ
Променливите Близнаци сакаат едно нешто еден ден, а другиот нешто сосема друго, па на оваа листа се најдоа со причина бидејќи со нив никогаш не се знае. Исто така, имаат тенденција да ги идеализираат своите партнери, па лесно можат да се разочараат од нив.
ВОДОЛИЈА
Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами – најосамениот знак на зодијакот. Ако се чувствуваат ограничени во врската или бракот, големи се шансите да раскинат или да побараат развод бидејќи нивната слобода е на прво место.
ЈАРЕЦ
За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците обично не се тие што бараат развод, туку најчесто тоа го посакуваат нивните сопружници. Имено, луѓето родени во овој знак се обидуваат да ги импресионираат партнерите додека не го добијат она што го сакаат, а тоа најчесто е брак, а потоа престануваат да се трудат.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците обожаваат флерт и не можат да се воздржат од него дури и кога се во брак, што секако на нивните сопружници воопшто не им се допаѓа, па се разведуваат по некое време. Ретки се оние кои можат да издржат во брак со типични претставници на овој знак.
ШКОРПИЈА
Исто како и Стрелците, Шкорпиите не пропуштаат прилика да флертуваат и имаат тенденција да ги изневеруваат своите партнери. Покрај тоа, тие се многу љубоморни и посесивни во брак или врска, што ретко кој може да го толерира долго време.