Поранешниот руски олигарх и остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, некогаш најбогатиот човек во Русија, Михаил Ходорковски, на Твитер објави фотографија која привлече големо внимание.

На фотографијата се гледа како руски свештеници ја благословуваат сатановата интерконтинентална балистичка ракета. Ходорковски остави коментар со сликата.

https://twitter.com/mbk_center/status/1525132426590265345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525132426590265345%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fnecete-videti-nista-cudnijebivsi-oligarh-jednom-fotografijom-zapalio-mreze%2F

„Мислам дека никогаш нема да видите нешто почудно. „Водачите на Руската православна црква благословуваат ракета наречена Сатана“, напиша тој покрај фотографијата.

Потсетуваме, Михаил Ходорковски неодамна во интервју за Си-Ен-Ен го критикуваше Путин и рече дека рускиот лидер Владимир Путин го разбира само јазикот на силата.

Тој го загуби најголемиот дел од своето богатство пред неколку години поради противењето на Путин. Помина една деценија зад решетки и не се двоуми да го опише рускиот претседател како многу опасна личност поврзана со криминал.

By Author