Претседателството на НСП донесе одлука На 08.05.2021 година со почеток од 11:00 часот од пред канцелариите на КСОМ, Независен Синдикат на Полицијата да одржи голем сеработнички протест под мото – СИНДИКАЛНО БУДЕЊЕ!

Од НСП ги повикаа сите незадоволни од односот и третманот на Министерството,да дојдат и да го подржат овој протест.Имено од Независниот синдикат на полицијата велат дека овој протест е за оние кои останаа невакцинирани, без паричен додаток за Ковид, но и за оние кои останале без покачување на плата, или се без униформа, односно овој протест е за сите оние кои се по било кој основ обесправени и велат дека сега е моментот кога треба да излезат и заедно да се спротистават!

Тие на својата Фејсбук страница упатија и јавна и отворена покана до:Македонски полициски синдикат – МПС, Синдикат на полиција во Македонија – СПМ,Да им се приклучат и заеднички да се спротистават.

НСП ја завршија фејсбук објавата со порака за сите: Не е време за првомајски паради, 8ми мај е денот за ПРОТЕСТ!РАЗБУДИ СЕ!НЕ ЧЕКАЈ ДРУГ ДА ГИ РЕШАВА ТВОИТЕ ПРОБЛЕМИ!ТИ СИ ПРОМЕНАТА!

By Author