Некои работи тешко ќе функционираат, комуникацијата пред се. Можно е некои процеси да бидат стопирани или да се вратат во состојбата пред ова.

ОВЕН
Погрижете се да ги вклучите сите сензори кога станува збор за работа. Ви се отвораат феноменални можности, но мора да бидете продорни. Советите на близок пријател вредат злато. Вечерта, кога ќе стивне тензијата од работата, гушкајте се покрај партнерот. Ви треба и добра енергија пред оваа предизвикувачка работна недела.

БИК
Неделата што претстои ви носи привиден мир. Нема да има конкретни настани, но акумулираниот стрес од порано само чека да експлодира. Може да се случи напната ситуација во домот да ви биде појдовна точка да пукнете. За да не се случи тоа, важно е да се биде трезвен и рационален.

БЛИЗНАЦИ
Уморни сте затоа што индиректно чувствувате притисок дека повеќето работи зависат од вас а вие малку сте уморни. Барајте спас во кругот на семејството бидејќи тоа ви дава сила да истраете низ предизвикувачката недела.

РАК
Кога станува збор за љубовта, обидете се да се фокусирате на себе оваа недела! Не поправајте работи што не можат да се поправат. Ако се фокусирате на себе, ќе постигнете одлични резултати на работа. Оставете ја љубовта уште една недела.

ЛАВ
Почетокот на неделата ви носи добри вести на работа. До крајот на неделата се менува енергијата, но од друга страна љубовната врска ви носи прекрасна и полетна енергија. Очекувајте изненадување од саканата личност.

ДЕВИЦА
Од средината на работната недела на работа има промени кои долго време ги насетувавте. Сега сте еден чекор пред нив и бидете мудри и прецизни во вашите деловни чекори.

ВАГА
Оваа недела ќе ве мачат сопствените мисли и чувства. Премногу прашања и малку одговори. Кога сте во оваа состојба, побарајте помош од доверлива личност. Таа нема да ви ги даде сите одговори, туку ќе ве води во која насока треба да одат вашите мисли за сами да ги најдете одговорите.

ШКОРПИЈА
Во текот на оваа недела ќе имате поддршка од партнер или личност од доверба. Сега смислете план и спроведете го без отстапување, а делот од тимот кој не ве поддржува нема да има за што да се жали. Едноставно ќе ги оставите без зборови.

СТРЕЛЕЦ
Зафатен или не, очекувајте предизвикувачка недела пред вас. Зрачите и привлекувате и го знаете тоа затоа очекувајте додворувачи, особено на работа! Внимавајте да не се вклучите во нешто што може да ви задава главоболки во иднина.

ЈАРЕЦ
Почетокот на неделата ви носи одлична можност да работите на проект каде што можете да ги покажете своите вештини. Од друга страна, партнер од минатото ве контактира. Како ќе го доживеете тој момент од повикот зависи од вас и само од вас зависи натамошниот тек на ситуацијата.

ВОДПЛИЈА
Не дозволувајте да бидете под влијание на семејни ситуации на кои навистина не можете да влијаете. Свртете се кон себе и избегнувајте негативни луѓе. Ако го направите тоа, очекувајте навистина спектакуларна недела, но во однос на вашето лично внатрешно задоволство, кое е најважно.

РИБИ
Работата од почетокот на неделата до крајот е заморна и стресна. Земете бавно здив и обидете се да направите нешто за себе во ова лудило. „Пресечете“ ја неделата со убава вечера или кафе со драги луѓе или убава и лесна масажа. За викендот не грижете се бидејќи ѕвездите ви подготвуваат изненадување!

By Author