ОВЕН

Треба малку да ја повлечеш рачната сопирачка, ништо нема да постигнеш со расправија. Промените на личен план исто така ќе имаат добар ефект врз вашата работа. Ќе ги организирате работите на начин кој најмногу ви одговара. Оваа недела е одлична за да имате конструктивни разговори со партнерот за да создадете постабилна врска. Слободните припадници на овој знак мора да размислат каде грешат во својот амбиент. Преголемата нервоза може да донесе главоболки и проблеми со крвниот притисок. Посветете се малку повеќе.

БИК

Падот на концентрацијата ќе влијае на полоша организација што се однесува до работата. Обидете се да ја поминете следната недела дистанцирајќи се од сите проблеми, дури и кога станува збор за неочекувано намалување на личниот доход. Обидете се да поминете што е можно повеќе време со вашата сакана личност. Во последно време прилично се изолирате и ги занемарувате чувствата кон некој за кој длабоко се грижите. Честите промени на расположението во текот на неделата дополнително ќе ве дестабилизираат.

БЛИЗНАЦИ

Големи се шансите да ви биде понудено некое дополнително образование на работа или некоја промена на работното место, за што треба сериозно да размислите. Некои бизниси би можеле да започнат од мртва точка. Многумина го очекуваат тоа од вас. Вистинско време е да седнете и сериозно да разговарате со партнерот за настаните од претходниот период кои предизвикаа дополнителна нервоза. Зголемено ниво на нервоза, но тоа нема посериозно да влијае на вашето здравје. Проверете го видот..

РАК

Засега не очекувате некои посебни деловни промени и не можете да промените ништо важно на вашето работно место. За сите невработени Ракови ова не е поволен период за какви било промени. Скратете ја вашата природна нетрпеливост. Намалете го малку непрестајниот (често нереален) оптимизам и поминете ја неделата на работа во такво расположение. Забележливи турбуленции во односите со партнерот. Сè ќе се врти околу парите. Ако целосно се повлечете во себе, може да имате депресија придружена со постојани главоболки.

ЛАВ

Припадниците на овој знак кои не работат, ќе имаат можност да разговараат за понуди. Време е да престанете да губите недели и месеци чекајќи некое половично ветување. Приватниот живот ви одзема многу време и се ќе почне да страда доколку не го скратите на вистински начин. Бидете паметни и мудри. Обидете се да бидете повнимателни кон партнерот. Здравствените аспекти оваа недела се одлични за вас, па можете да се опуштите и да уживате без многу стрес.

ДЕВИЦА

Не е поволна недела за деловните активности на Девицата. Мој совет е да не очекувате многу, туку рутински да ги извршувате сите задачи што ги имате пред вас. Демек мудрите земаат се со себе каде и да одат, а ти сега како да се влечеш каде и да одиш и тоа почнува да те нервира. Аспектите укажуваат на тоа дека сте долго време во поволен период, па затоа треба да се потрудите некако да ја импресионирате личноста за која се грижите. Можни нарушувања со притисок и мали грчеви во стомакот.

ВАГА

Обидете се да ги сведете обврските на минимум. Имате лоша концентрација, па можете да направите погрешни деловни потези. Ќе имате интересна деловна понуда поврзана со странство за која долго сонувавте, а сега е вистинската можност вашата кариера конечно да тргне по нагорниот пат за кој сонувавте. Станавте осамени и не се дружите со луѓе, што придонесува да размислувате за негативни работи во четирите ѕида. Вистинско време е за диета која долго време ја планирате.

ШКОРПИЈА

Искористете ја енергијата што ја имате за да се подобрите на деловното поле во текот на неделата. Својата вродена креативност и желбата на колегите за соработка ја преточувате на вистински начин во конкретен потег кој менаџерите ќе знаат да го ценат и на вистински начин да го наградат. Нема потреба ништо да планирате со партнерот, бидејќи ќе зрачите со негативност, неразбирливост и резултатите секако ќе изостанат. Љубомората што ја покажува партнерот не се заснова на факти. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Се чувствувате безволно и дезориентирани. Мора да бидете внимателни кога станува збор за деловната комуникација. Познато е дека можете да бидете непромислени и затоа често се ставате во непријатна положба. Гледате можности пред себе, но не сте сигурни како да ги искористите. Партнерот повеќе не може да го следи вашето темпо. Обидете се малку да се смирите, да поминете време без напорни разговори и барања кои често се нереални. проверете ја вашата крвна слика и крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Деловните аспекти се добри, но во природата на секој Јарец е да биде оптоварен со бизнис и постојано да размислува за тоа што било и што ќе биде во иднина. Тоа е некако посилно од тебе и не можеш да се избориш. На партнерот му е многу тешко да ја разбере и прифати вашата тврдоглавост и честите промени во расположението придружени со песимистички мисли. Не го оптоварувајте со деловните проблеми и финансиската состојба. Избегнувајте алкохол, а доколку сте пушач намалете го бројот на цигари.

ВОДОЛИЈА

Обидете се да ги сведете деловните обврски на минимум, се чувствувате крајно исцрпени. Имавте тешка недела пред тоа, која ве истроши до максимум. Други нека ја водат колоната. Оваа недела е одлична за одење на кратко патување со партнерот. Важно е само да ја промените околината, а по два-три дена оддалеченост од вашето место на живеење, батериите целосно ќе се наполнат, а емоциите кон вашата сакана ќе се зголемат. Болката во колената не е последица само на дебелината. Обидете се да се движите повеќе.

РИБИ

Прилично сте расеани, енергијата ја расфрлате на сите страни. Обидете се малку подобро да се фокусирате на вашите деловни задачи и обврски. Еден колега ќе има интересен предлог за кој вреди да размислите. Недоразбирањата што ги имавте претходните недели во друштвото ќе достигнат кулминација. Слободните Риби може да очекуваат повик од личност на која и се допаѓате долго време. Направете добра стратегија, бидејќи овој пат не смеете да погрешите во ниту еден чекор. Што се однесува до здравјето, мора повеќе да се грижите за себе, лошите навики и исхраната.

By Author