Ова е единствен исправен начин на нега на собните растенија.
По студениот зимски период, на домашните растенија им е потребна посебна грижа за да продолжат да растат и да не венеат. Сега е идеално време да се обрне внимание на нив за да продолжат да цветаат. Искусните цвеќари велат дека има 4 задолжителни чекори кои секој треба да ги следи.
Еве за што се работи:
- Направете пролетно чистење
Како и сите други површини во домот, растенијата собираат прашина, која може да биде погодна почва за растителни вошки. Растенијата кои се во градината ќе ги „искапе“ дождот, но оние што ги чувате во станот треба да ги избришете со влажна крпа. Така ќе го намалите ризикот од размножувањето на растителни вошки, но и ќе им дозволите на листовите полесно да вршат фотосинтеза.
- Размножете го растението
Ова е одличен начин да се ослободите од вишокот гранчиња или ластари и да добиете нови растенија кои ќе ѓи одгледувате.
- Проверете дали растението треба да се пресади
Тоа не значи да го пресадувате т.е. префрли во друга саксија, но да ја смени почвата во која расте. Проверете дали премногу брзо се исцедува водата, особено ако е во истата земја повеќе од една година. Ако почвата брзо се исуши, сега е време да се пресади растението во нова почва.
- Погрижете се нивната саксија да не е мала
Значи, ова не е исто како претходната ставка. Ќе знаете дека саксијата станала мала ако внимателно ја извадите и погледнете во коренот. Ако видите повеќе корени отколку земја, тоа значи дека садот е веќе преполн. Префрлете го заедно со бусенот во поголемо саксија и додадете уште земја.