На 7 мај граѓаните на кинескиот пристанишен град Жушан беа изненадени од необјаснивата глетка на крваво црвено небо.
Темната крваво-црвена боја на небото над Зушан викендов предизвика загриженост кај граѓаните и инспирираше различни теории за причината за промената, вклучително и сомнеж за огромен пожар во далечината.
Меѓутоа, метеоролошките експерти, како и локалната метеоролошка организација, необичната појава ја објаснија како последица на прекршувањето и расејувањето на светлината „најверојатно“ од бродови во пристаништето.
Локалните власти исто така потврдија дека нема пријавено пожари во регионот.
Извештајот на Глобал тајмс, пак, нуди попрецизно објаснување: Светлата дојдоа од рибарскиот брод на кинеската компанија „China Aquatic Products Zhoushan Marine Fisheries Co.“ кој ловеше риба во близина на градското пристаниште.