Сите куќи на островот Тонга се уништени по силното цунами во саботата, а владата на државата Тонга објави дека земјата претрпела „невидена катастрофа“.
Според локалните власти, островот бил целосно уништен по цунамито, кое било предизвикано од ерупција на подводен вулкан.
Владата во соопштение потврди три смртни случаи – двајца локални жители и еден британски државјанин.
Се зборуваше дека некои од помалите, оддалечени острови биле особено погодени, бидејќи на едниот биле уништени сите куќи, а на другиот останале само две.
Интернетот сè уште не работи, но воспоставени се некои телефонски линии.
Напорите за помош се отежнати поради паѓањето на пепелта од вулканите.
Волонтерите ја чистат пистата на главниот аеродром за што поскоро да ги добијат потребните резерви на вода и храна до островот