Секоја домаќинка во својот фрижидер чува најмалку една кесичка замрзнат грашок. Ние ви нудиме едноставен рецепт за подготовка на грашокот.
Плопети од грашок
Потребни состојки:
500 грама замрзнат грашок
1 јајце
неколку лажици лебни трошки
1 мал лук
1 лажица масло
сол, бибер, магдонос, чили и други зачини
Подготовка:
Сварете го грашокот и со миксер направете го кашест. Ако немате миксер, можете да го направите тоа со вилушка. Лукот ситно исецкајте го, испржете го со лажица масло отприлика пет минути и помешајте го со грашокот. Додадете ги јајцето, солта, биберот, зачинете и добро промешајте. На крај додадете трошки од леб додека не добиете смеса што можете да ја обликувате со рацете.
Ставете ја хартијата за печење на поголем плех или едноставно премачкајте го со масло. Навлажнете ги рацете малку во вода и обликувајте ќофтиња. Се печат на 190 степени, околу 25 минути.