Цената на гасот во Европа надмина 3.000 долари за илјада кубни метри, по веста дека „Северен поток“ од 31 август ќе престане да работи на три дена поради ремонт.
Цената на најблиските (септемвриски) фјучерси на берзата во Лондон достигна 3.024 долари за илјада кубни метри.
Во исто време, најскапиот – декемвриските фјучерси – веќе надмина 3.100 долари за илјада кубни метри.
Од утрово, од почетокот на тргувањето, цената е зголемена за 20 отсто.
Блумберг: На Германија и се заканува егзодус на фабрики
Германија, индустрискиот центар на Европа, се соочува со потенцијален егзодус на фабрики бидејќи на производителите на автоделови, хемикалии и челик им е сè потешко да ги апсорбираат високите цени на електричната енергија кои речиси секој ден достигнуваат нови максимуми, пишува „Блумберг“.
Цените на струјата и бензинот во Германија се зголемени повеќе од двојно за само два месеци, а референтната цена на европската струја на едногодишниот форвард пазар се зголеми на 570 евра (573 долари) за мегават-час. Пред две години беше 40 евра, наведува њујоршката агенција.
– Енергетската инфлација овде е многу подраматична отколку на друго место. Се плашам од постепена деиндустријализација на германската економија – изјави Ралф Стофелс, главен извршен директор на компанијата „БИВ Изолиерстофе“, која произведува силиконски делови за автомобилската, воздушната и индустрија за апарати.
(Спутник)