На северот на Италија се случила страшна несреќа, кога маж се спрепнал и паднал во провалија, само неколку моменти откако направил селфи со својата девојка.
30-годишен маж од Италија загина трагично откако паднал во провалија од планина кај Роцо во североисточна Италија.
Како што информираа од полицијата, мажот во тој момент го испуштил телефонот и се наведнал да го земе, но изгубил рамнотежа и паднал пред згрозената девојка во провалија длабока 200 метри.
Голема спасувачка операција започнаа два хеликоптери и тим пожарникари кои се надеваа дека човекот го преживеал падот, но кога првите спасувачи дошле до него, за жал тој веќе бил мртов.
Италијанската полиција спроведува истрага за да утврди како се случил овој трагичен настан, пренесува Дневник.хр.