Вчера (10.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи. Од нив 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Исто така, во текот на изминатата вечер (10/11.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.