Војската на Тајван го претстави планот со кој ќе им се дозволи на жените да волонтираат за обука на резервните сили за прв пат во земјата.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ќе дозволи група од 220 жени да аплицираат за обука почнувајќи од вториот квартал на оваа година, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на објавувањето на планот бидејќи кинескиот воен притисок врз Тајван се зголемува. Досега обучуваше само машки резервисти бидејќи немаше доволно капацитет да ги прими двата пола.

Тајванските пратеници рекоа дека исклучувањето на жените од обуката на резервните сили претставува родова дискриминација, според американската телевизиска мрежа Тајван во декември објави дека ќе го продолжи периодот на воена регрутација од четири месеци на една година почнувајќи од 2024 година, што ќе важи за мажите родени по 2005. Тајван има околу 170.000 војници, главно доброволци, а годишно обучува околу 120.000 резервисти.

Мажите на возраст меѓу 18 и 36 години мораат доброволно да служат војска или да служат задолжителна служба во резерва. По отслужувањето на мандатот, тие се на дополнителна обука во четири наврати во следните осум години. Во 2021 година, 15 отсто од војската на Тајван беше жени, но тие главно служеа во неборбениот сектор, додава Си-Ен-Ен.

By Author