Откако групата Вагнер објави дека го освоила градот Воронеж, наводните снимки од борбите во областа почнаа да кружат на социјалните мрежи.

„Воените објекти во Воронеж се под контрола на Вагнер. Армијата застана на страната на народот“, пишува во кратката порака на „Телеграм“ каналот на Вагнер.

На јавноста изутринава и се обрати и рускиот претседател Владимир Путин кој ги обвини Вагнерците за велепредавство, а потоа најави дека контрамерките ќе бидат строги.

„Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани“, рече на почетокот Путин, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

Во меѓувреме на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од борба меѓу Вагнеровците и поддржувачите на Путин во Воронеж.

Еден од нив покажува како руски авион наводно е пукано во воздух и почнува да паѓа.


Друго видео покажува група вооружени Вагнерци кои стојат во близина на автопатот во близина на Воронеж.

На едно од видеата се гледа како наводно гори складиште за нафта во Воронеж.

На социјалните мрежи кружат и видеа на кои, како што се тврди, се гледаат колони од воени возила кои се движат низ регионот на Воронеж.

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, тврди дека овие видеа се лажни.

„Во моментов на социјалните мрежи се објавуваат многу лажни информации за колони воени возила кои се движат низ територијата на регионот Воронеж“, рече Гусев.

Тој кажал дека ќе бидат санкционирани оние кои шират лажни информации.

Руската армија отвори оган врз конвојот на Вагнер во близина на Воронеж
Хеликоптери на руската армија отворија оган врз воениот конвој на Вагнер на автопатот М4 во близина на Воронеж на југот на земјата, јавува Ројтерс повикувајќи се на изјави на сведоци.

Автентичноста на овие снимки не можеше самостојно да се потврди .

By Author