И покрај одличниот старт проектилот на Филип Талевски, водството од 1-4 и 3те стартни одбрани на одличниот Томовски им дозволивме на Словенците да се вратат во игра и да го превземат водството кое љубоморно го чуваа и на полувреме заминавме со 3 гола негатива.

Но нашите момци на овој натпревар покажаа и докажаа дека може да се надигруваат и со големи репрезентации. Дека респект немаат према никого и дека и кога губат знаат да се вратат во игра.

Ако првото полувреме го отворивме со водство, второто и не беше така сјајно пробавме да играме 7 на 6 каде направивме две технички грешки кои не коштаа најголема негатива од 5 разлика, по што нашите момци се вратија со серија 5-1 и им покажаа на словенците дека немаат намера да кренат бело знаме.

До крајот на мечот словенците го чуваа своето водство и предноста одеше од 1 до 3 гола, а на македонските воини постојано им фалеше тој завршен удар кога имаа шанса за израмнување, а во второто полувреме ја имаа во два наврати при резултат 19-18 и 23-22.

Во нашите редови можеме слободно да кажеме дека најдобар играч беше голманот Томовски со 14 одбрани, кој воедно и ја одржуваше постојано репрезентацијата во игра, додека најефикасен од играчите беше еден од пулените на Лазаров левото крило Цветан Кузмановски со 8 постигнати гола, зад него се најдоа веќе искусните Филип Талевски со 5 постигнати гола и Филип Кузмановски со 4.

By Author