Астролозите издвојуваат четири хороскопски знаци кои најчесто покажуваат љубомора, пишува Yourtango.

Иако има и такви кои веруваат дека љубомората е доказ за љубовта, секој кој некогаш имал љубоморна личност во својата блиска околина знае колку тоа може да биде тешко и заморно, особено во емотивните врски.

1.Шкорпија
Родените под овој воден знак не им веруваат на луѓето, што ги наведува на често лажни обвинувања. Длабоко емотивни и подеднакво длабоко интуитивни и склони кон провокации, Шкорпиите сакаат да ја тестираат својата сакана личност на повеќе нивоа. Тие не само што се подготвени да ја направат својата сакана љубоморна флертувајќи со другите, туку и да ги натераат другите да флертуваат со нив за да ја видат реакцијата.

Ако се заљубите во Шкорпија, подгответе се за фактот дека ќе треба да вложите многу време и енергија за да ја докажете својата лојалност кон неа.

2. Рак
И покрај тоа што се многу емотивни и ранливи, Раковите можат да бидат неподносливо љубоморни. Сепак, свесни се дека љубомората не е позитивна особина, па се трудат да ја сокријат, бидејќи сакаат да бидат совршени во очите на другите.

Доколку сте во емотивна врска со Рак, наоружајте се со трпение и посветете големо внимание на „знаците покрај патот“. Ако чувствувате навестување на завист од вашиот сакан Рак, очекувајте дека во одреден момент ќе ве штипкаат многу болно со своите штипки – обично кога најмалку очекувате.

3. Лавот
Луѓето родени во овој огнен знак очекуваат секогаш да бидат во центарот на вниманието. Во емотивните врски, доколку не ги третирате како центар на Универзумот и нон-стоп ги опсипувате со љубов, подгответе се за непријатни сцени.

Лавовите се убедени дека никој на светот не заслужува љубов, внимание и восхит повеќе од нив. Доколку не го добијат она што го сакаат од саканата личност, родените во знакот Лав ќе ви ги покажат и оние лица на љубомора за кои не сте ни знаеле дека постојат.

4. Девица
Во емотивните врски, Девиците се прилично рационални и „оперирани“ од љубомора, што не би можело да се каже за деловните односи. Ако проценат дека некој мисли побрзо од нив, има поконструктивни решенија и има поголемо количество знаење, нема да можат да ја сокријат својата љубомора.

Девиците веруваат дека работата е всушност спортско игралиште и дека нивната задача е да постигнуваат најдобри резултати на секое натпреварување. Затоа, тие не се погодни за тимски играчи, но од друга страна, можете да им ги доверите најчувствителните и најтешките задачи – тие ќе ги направат без грешка.

By Author