И додека многумина го поминаа пандемискиот период во досада, размислувајќи како да си ги исполнат деновите, има и такви кои целата ситуација ја свртија во своја полза.
Еден од најпопуларните хотели во Југоисточна Азија, Датаи Лангкави, го претстави своето ново лице на светот по едногодишен процес на реновирање. Култното место е освежено со хармонични елементи, додека во исто време останува верен на неговиот идентитет, поради што гордо го носи статус на икона. Проектот за реновирање го водеше Дидие Лефорт од наградуваното париско студио DL2A, заедно со австралискиот архитект, Кери Хил.
Сместен девствената прашума стара 10 милиони години, опкружен со пенливите и чистите води на Андаманското Море, хотелот со 121 соба совршено се интегрира во бујната вегетација и сè што ја опкружува. Хотелот Датај Ланкави нуди неверојатно искуство во срцето на природата и неверојатна доза на приватност. Со оглед на прекрасната природа при реновирање се користеле локални материјали и палета на бои кои ја будат воодушевување.
Покрај софистицираноста и автентичноста, хотелот изобилува со луксуз и природа истовремено, за оние кои бараат нешто навистина уникатно – создадено од познатиот натуралист Иршад Мобарак, новиот Центар за природа ги поканува гостите да го откријат дивиот свет и локалната флора. И љубителите на голфот може целосно да уживаат бидејќи хотелот го има еден од најдобрите терени во Југоисточна Азија, кој е дело на легендарниот играч на голф, Ерни Елс.
Датаи Лангкави допочнително е посебен и по тоа што за време на пристигнувањето, гостите добиваат шишиња со вода од не’рѓосувачки челик, кои менуваат пластични варијанти, инаку користени за време на авантуристички екскурзии. Локалната градина Пермакултура произведува сопствено органско овошје и зеленчук, кои се служат во четири блиски ресторани, додека сламките од бамбус ги заменуват оние пластичните.
Како шлаг на тортата дефинитивно е бањата, која ја има во пет елегантни вили, со присуство на малезиски билки.
Холистичките третмани се придружени со неоспорната експертиза на меѓународно познатиот експерт во оваа област, Бастијан Гонзалес, кој третманот за нокти-педикир го претвори во вистинска уметност.