Бакингемската палата објави дека кралицата Елизабета Втора починала во шкотската резиденција во замокот Балморал, пишува Гардијан.
Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот монарх во британската историја, почина на 96-годишна возраст.
Принцот Чарлс (73), престолонаследник од тригодишна возраст, сега е крал и официјално ќе биде прогласен за таков во палатата Сент Џејмс во Лондон што е можно поскоро, пишува Гардијан.
Во соопштението, Бакингемската палата рече: „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево.
Кралот и кралицата сопруга вечерва ќе престојуваат во Балморал, а утре ќе се вратат во Лондон.
Знамињата на значајните згради во Британија беа спуштени бидејќи беше прогласен период на официјална жалост.
Како кралица на Обединетото Кралство и 14 други кралства и шеф на Комонвелтот од 54 земји, Елизабета Втора беше лесно најпрепознатливиот шеф на држава во светот за време на исклучително долгото владеење.