Фестивал на кал Борјеонг, Јужна Кореја

Од 1998 година, луѓето патуваат во Борјеонг од една едноставна причина – да се извалкаат и да се забавуваат. На овој летен фестивал, можете да уживатесо мажа во кал, да се натпреварувате на каллива патека со пречки или, едноставно, само да се тркалате во калта.

Фестивал на волнен црв, САД

На крајот на секој октомври во малиот град Банер Елк, Северна Каролина, волнените црви (ларви од молци од тигар) излегуваат на улиците. За време на нивната сезона, можете да видите „десетици или дури стотици во еден ден“. Тогаш се одржува фестивал каде сите гледаат волнени црви како се тркаат. Да, добро прочитавте, во 2019 година, над 20.000 луѓе слетаа на Банер Елк само за да гледаат како црвите лазат по патека долга три метри. Победничкиот црв ја добива целата слава, додека неговиот „сопственик“ си оди дома со 1.000 долари.

Светско првенство во борење со прсти, Англија

Секоја година во Ешбурн, Англија, спортистите се собираат за да ги покажат своите вештини во помалку познатиот спорт – борење со прсти. Да, добро прочитавте. Конкуренцијата е силна во ова специјално „првенство“, каде може да се видат сериозни борби. Победник е оној кој може да стисне нога на друг играч три секунди – играта се игра во три круга и стапалата се менуваат (прво игра десното стапало, потоа левото, па повторно, десното). Неверојатно, но воедно и забавно.

Фестивал на прескокнување на бебиња, Шпанија

Прескокнувањето редовите со човечки бебиња, се случува секоја година во Кастрило де Мурсија, во село оддалечено на три часа северно од Мадрид. Иако звучи бизарно, организиран е вековен ритуал кој датира од 1600-тите години за да се исчистат бебињата од грев.

На фестивалот, исто така познат како „Ел Коласио“, родителите се среќни што ги ставаат новородените бебиња на перници, така што мажите ќе можат да ги прескокнуваат со маски и светло жолти носии. Сепак, медиумите и некои од државните институции сметаат дека фестивалот е неприфатлив и опасен по живот за бебињата.

https://youtu.be/xzJBpVVGcWw

Натпревар во замрзната коса, Канда

Овој зимски настан се заснова на креативноста (стилизирање на косата на разни, луди начини), ледени температури и пријатна изворска вода. За да се победи, доволно е да се посетат изворите на Такини, кога температурата паѓа под -20 ° C за време на периодот на натпреварување, обично од декември до март.

Шампионат во удирање шлаканици, Русија

Русија има своја верзија на Борбена вештина – натпревар во шлаканица, каде двајца мажи наизменично се удираат едни со други колку што можат посилно. Натпреварот ја тестира толеранцијата на противникот за болка и сила, сè додека еден не падне или не се повлече. Победникот носи дома 25.000 рубли (350 американски долари).

By Admin