Ерменското Министерство за одбрана вели дека не ја исклучува можноста за употреба на сила ако азербеџанските сили не ја напуштат ерменската територија во разумен рок.
„Во случај на недостаток на мирно решение во разумен рок, ако азербеџанските сили не се вратат на своите првични позиции, ерменските вооружени сили имаат право да го решат проблемот, дури и со сила“, се вели во соопштението пренесено од ТАСС.
Министерството уште еднаш потенцираше дека секое кршење на законите на ерменската држава е апсолутно неприфатливо и дека азербеџанските сили мора да ја напуштат ерменската територија.
Од Ереван повикаа да се реши ова прашање мирно и побараа меѓународна медијација.
Ерменското Министерство за одбрана на 12 мај објави дека азербеџанските вооружени сили се обиделе да извршат „одредени операции“ на границата во провинцијата Сијуник со цел да ја „прилагодат границата“.
По реакцијата на Ерменците, Азербеџанците ги прекинаа своите активности и се согласија на разговори со цел да ја смират ситуацијата.
Истиот ден, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан одржа состанокот на безбедносните сили, на кој тој ја опиша ситуацијата како кршење на ерменската територија.
Потоа рече дека Азербеџанците ја преминале границата и влегле на три и пол километри во внатрешноста на Ерменија.