Тензијата е се поголема….. Америчките разузнавачки служби имаат информации дека Русија планира од почетокот на наредната година инвазија на Украина.
Што се случува на руско-украинската граница? Дали е тоа само заканувачко и предупредувачко тропање со оружјето, или е на дело реална можност од нова војна на територијата на бившиот ССРР.Према наводи од агенцијата АП, Русија се спрема да распореди на границата со Украина( Вороњеж, Брјанск, Ростов) 175000 војници, од кои половината веќе се на соодветните позиции.
Киев првично ги демантирале информациите за зголемеа бројност на руска војска во близина на нивната граница, но покасно и украинскиот Генералштаб ја потврдил зголемената бројка и можноста од планиран напад.
Од другата страна потпаролот на Путин кажал дека “Русија има право да ги преместува своите воени трупи на својата територија како ќе и се посака”
Неодамна председателот на Белорусија Александар Лукашенко соопштил за агенцијата РИА Новости дека во наредните два месеци белоруската и руската војска ќе одржат заеднички воени вежби на границата на републиката со Украина.
Во последно време западните медиуми на големо зборуваат за тоа дека наводно, Русија спрема напад на Украина.