Мексиканските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале во вооружен напад на затвор во градот Хуарез, а уште две лица загинале во вооружен конфликт во друг дел на градот, јавува денеска Ројтерс.

Обвинителот соопшти дека во нападот на затворот загинале десет чувари и четворица затвореници, додека 13 лица биле повредени, а најмалку 24 затвореници избегале.

Засега нема информации кој го организирал и извршил нападот. Во соопштението на обвинителството се наведува дека првите сознанија од истрагата покажале дека напаѓачите во затворот пристигнале околу седум часот наутро со оклопни возила и го започнале нападот.

Неколку минути претходно, властите пријавија напад врз локалната полиција, но по потера четворица мажи беа уапсени и нивното возило беше запленето. Во друг дел од градот во вооружен напад загинале двајца возачи, соопштија властите.

By Author