Руските власти соопштија дека во текот на ноќта бил извршен напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област.
Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубјев изјави дека нема жртви во нападот со дрон врз фабриката за нафтени деривати во таа област и дека пожарот што уследи по експлозијата веднаш е изгаснат.
Тој објасни дека дронот експлодирал откако паднал на конструкција на надвозник во изградба.
„Пожарникарите не учествуваа во гаснењето на пожарот, пожарот е отстранет од службите на претпријатието. Нема жртви и повредени, оштетувањата на објектите се мали“, напиша Голубјев.
Во нафтената рафинерија Илски во Краснодарскиот регион се запалиле цистерни со нафтени деривати, а тој пожар бил брзо изгаснат, пренесува Тасс.
Причината за пожарот се уште не е позната.