Членови на навивашката група “Комити” и фамилијата на трагично починатиот Никола Саздовски денес поднесоа жалба поради намалување на казните од 19 на 16 години затвор имено според законот кај нас доживотен затвор може да добијат само лица над 21 година односно доколку лицата во време на извршување на делото имат немаат 21 можат да бидат осудени максимално на 20 години затвор.Фамилијата на Саздовски смета дека ова е доволно големо олеснување за одземен еден млад живот.

Денес беше доставенао барање до јавниот обвинител да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата.

За свирепо убиство на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири на по 19 години затвор.Во моментот на кривично дело извршителите немале наполнето 21 година, поради што не им била досудена доживотна казна затвор.Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ почина по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година.

By Author